• петок, 21 февруари 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Даниела Николова

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Даниела Николова

Скопје, 14 февруари 2025 

Собранието ќе расправа по предлог Концепцијата за гимназиско образование, откако ќе биде изготвена преку отпочнатиот инклузивен процес

За Концепцијата за гимназиско образование последниот збор ќе го имаат пратениците, откако документот претходно ќе биде изработен од преку отпочнатиот инклузивен процес, кој е во тек и преку кој Министерството за образование и наука го слуша мислењето на сите засегнати чинители.

Ги повикуваме и претставниците на политичката партија СДС да се вклучат во изработката и усвојувањето на финалниот документ, наместо да размислуваат за организирање протести и да се обидуваат да го попречат развојот на гимназиското образование во кое ништо не е променето 24 години.

Не ја разбираме потребата на овој политички субјект, постојано преку прес конференции да повикува на јавна дебата, кога дебатата е во тек и секој има можност да достави свој предлог или сугестија за подобрување на првично предложената содржина. Досега, од СДС не е пристигната ниту една забелешка. Имаме време цела календарска година за изработка на документот.

Во 7 години управување со Министерството за образование и наука заедно со нивните коалициски партнери, клучни „достигнувања“ им се дното на ПИСА и ТИМСС, како и долгот од 5 милијарди денари. Иако не веруваме во капацитетите на СДС за креирање политики, уште еднаш јавно ги повикуваме да ги изнесат своите забелешки и да учествуваат во промените што мора да се случат.

ВМРО-ДПМНЕ

фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан