Реакција на Алијанса за Албанците на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ
- ВМРО на монитирани случаи, не смее ниту со прст да покажува на предложените министри на АА.
11 февруари 2023
Ја разбираме омразата на ВМРО-ДПМНЕ кон Алијанса за Албанците и нашите експоненти, која потекнува од 2017 година кога го прекинавме нивниот режим и во многу други случаи кога ниту се предадовме, ниту дозволивме тој режим да се врати. Затоа, единственото оружје против нас се клевети и неосновани обвинувања.
Со доаѓањето на АА, eднаш засекогаш завршуваат наредбите на ВМРО-ДПМНЕ со „тефтерче“за тоа кој станува судија и обвинител, како да се нарачаат монтирани случаи, како да се држи авионот со Албанци во воздух, како да се превртуваат камиони и трактори, како да се прикријат злосторствата на скопскиот плоштад кога го убиваа својот активист. ВМРО на монитирани случаи, не смее ниту со прст да покажува на предложените министри на АА, затоа што институциите зборуваа за такви работи и се е чисто како солза. Одете до надлежните органи и не фрлајте блуеница со гнев од устата со лаги и невистини.
Секогаш на конференции сте им суделе на Албанците. Се сеќавате на случаите како Сопот, убиството на Алмир, Монструм, Куманово, случајот Алфа и други случаи? Немате ниту морално право, ниту кривичен авторитет да ги кажувате овие невистини.
Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите.
Алијанса за Албанците
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.