• сабота, 23 ноември 2024

Рајдер: Пентагон нема да испраќа дополнителни сили поради нападот на Хутите

Рајдер: Пентагон нема да испраќа дополнителни сили поради нападот на Хутите

Вашингтон, 12 јануари 2024 (МИА) - САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот откако американската и британската армија извршија напади врз јеменските бунтовници Хути, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Портпаролот, исто така, објави дека американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, кој на 1 јануари беше хоспитализиран поради инфекција, „активно е ангажиран во следењето и насочувањето на овие напади“, пренесуваат британските медиуми.

Рајдерс додаде дека Остин се чувствува добро и дека во изминатите два дена двапати разговарал со американскиот претседател Џо Бајден.

САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија воздушни и поморски напади врз позициите на Хутите на 16 локации во Јемен.

Американските власти соопштија дека нападите на САД и Велика Британија врз Јемен се насочени кон воените капацитети на Хутите и притоа се обиделе да избегнат колатерална штета.

На 22 декември 70-годишниот Остин беше примен во Медицинскиот центар на националната армија Волтер Рид во Мериленд за операција на рак на простата, а во болницата се врати на 1 јануари поради инфекција на уринарниот тракт. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан