• сабота, 23 ноември 2024

Рајанер: Тоа е киднапирање во организација на државата

Рајанер: Тоа е киднапирање во организација на државата
Даблин, 24 мај 2021 (МИА) - Генералниот директор на ирската ниско буџетска авиокомпанија Рајанер, Мајкл О’Лири вчерашниот инцидент во Минск го оцени како „киднапирање во организација на државата“. - Станува збор за киднапирање во организација на државата, пиратство спонзорирано од државата... Најверојатно властите сакаа да го уапсат новинарот и лицето кое беше со него, посочи О’Лири. Тој наведе дека патниците и членовите на екипажот биле уплашни, а тврди и дека биле држени под вооружена стража и оти им е пребаран багажот. Белоруските власти го уапсија опозиционерот Роман Проташевич откако авионот со кој патуваше од Атина за Вилнус принудно слета во Минск, по лажна најава за поставена бомба. Тоа наиде на осуда на меѓународната заедница, која бара итно ослободување на Проташевич. Тој е еден од основачите на Телеграм каналот НЕКСТА, што беше еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Проташевич од белоруските власти е обвинет за организација на масовни нереди и е означен како терорист, поради што се соочува со долгогодишна казна затвор. Тој од 2019 година се наоѓа во егзил во Полска. Проташевич во Атина беше дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот. ми/

Остани поврзан