• среда, 14 мај 2025

Рашфорд ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда

Рашфорд ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда

Бирмингем, 28 април 2025 (МИА) - Напаѓачот на Астон Вила, Маркус Рашфорд, најверојатно ќе ги пропушти натпреварите на тимот од Бирмингем до крајот на сезоната поради истегнување на мускулот.

Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Англичанецот нема да се подложи на операција. Целта на Рашфорд е да биде подготвен за натпреварите со репрезентацијата на Англија во јуни.

Рашфорд игра како позајмен играч во Астон Вила од Манчестер Јунајтед, а тимот има опција да ги откупи неговите права за 40 милиони фунти во текот на летото. „Вила Парк“ сè уште не објави дали ќе ја активира клаузулата.

Рашфорд досега одигра вкупно 17 натпревари за „Вила“, од кои 10 беа како стартер. Тој постигна четири гола и имаше седум асистенции. Според англиските медиуми, нема шанси Рашфорд повторно да игра за Јунајтед, додека менаџер на тимот е Рубен Аморим.

Постојат шпекулации дека самиот играч има желба да се пресели во Барселона. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан