• недела, 23 март 2025

Рашфорд нема да се врати на „Олд Трафорд“ додека менаџер е Аморим

Рашфорд нема да се врати на „Олд Трафорд“ додека менаџер е Аморим

Манчестер, 22 март 2025 (МИА) - Маркус Рашфорд нема да добие уште една шанса во Манчестер Јунајтед од менаџерот Рубен Аморим. Напаѓачот беше позајмен во Астон Вила до летото и таму почна повторно да ја открива својата најдобра форма.

Поради тоа, се појавија шпекулации дека тренерот на „црвените ѓаволи“ може да ја преиспита својата одлука и да го врати Рашфорд во составот, но според последните информации на „Дејли Стар“ нема шанси тоа да се случи.

Аморим сака да ангажира нов напаѓач на лето и за таа цел смета на продажба на Рашфорд за значителна сума за финансирање за потписот на новиот играч. Се надева дека ќе добие најмалку 60 милиони фунти за него.

-Не можев да го убедам Маркус да ја прифати мојата филозофија на фудбалот и да тренира како што јас сакам. Понекогаш играчот блеска со еден тренер, а не работи со друг. Му посакувам се најдобро и се надевам дека подобро ќе се сложува со Унаи Емери во Астон Вила бидејќи е многу добар играч, изјави Аморим кога се раздели со Рашфорд.

Од доаѓањето во Астон Вила, 27-годишниот играч одигра 9 натпревари на кои се уште нема постигнато гол, но забележа 4 асистенции. Аморим се надева дека ќе продолжи да го подига своето ниво на Вила Парк, а со тоа уште повеќе ќе ја подигне својата цена. Се очекува тимот од Бирмингем да достави понуда за него во текот на летото, но не е ни чудо што има и други кандидати, особено ако Рашфорд продолжи со добрите настапи до крајот на сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан