• сабота, 21 декември 2024

Рашиди: Коалицијата меѓу СДСМ и Беса го елиминира политичкиот фолкоризам на двата етникуми

Рашиди: Коалицијата меѓу СДСМ и Беса го елиминира политичкиот фолкоризам на двата етникуми
Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) - Во едно мултиетничко општество беше природна и очекувана оваа коалиција меѓу СДСМ и движењето Беса, беше еден природен чекор што требаше државата да го превеземе за да се елиминира политички фолклоризам од страна на двата  етникуми, истакна Мелинда Рашиди од движењето Беса, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
Таа истакна дека движењето Беса првпат прави потег без преседан, и оди пред албанскиот електорат со потпишан договор.
-Нашиот ангажман и придонес во новата влада го направиивме на транспарентен начин, со гарнација за реализација како полноправни партнери, нагласи Мелинда Рашиди.
Таа додаде дека движењето Беса е најконструктивна опозициска партија, која одигра клучна улога во затворањето на прашањата и најголемите поглавја кои ја придвижија нашата држава напред кон евроинтерагиите и како партија на власт ќе ги брани интересите на сите граѓани.
-Верувајте ми, вашето присуство овде на овие млади луѓе што ги гледам околу мене им дава, им влева надеж дека промените ќе настанат овде и со нас. Ние можеме и повеќе и подобро, порача Рашиди.бт/аа/
 

Остани поврзан