Рафиња ја игра сезоната на кариерата: Ја надмина границата од 50 гола и асистенции
- Рафиња ја игра сезоната на кариерата. Бразилскиот ас на 47 одиграни натпревари оваа сезона стигна до 31 гол и 21 асистенција и е вториот во Европа кој ја надмина границата од 50.

Барселона, 21 март 2025 (МИА) - Рафиња ја игра сезоната на кариерата. Бразилскиот ас на 47 одиграни натпревари оваа сезона стигна до 31 гол и 21 асистенција и е вториот во Европа кој ја надмина границата од 50.
Бразил ја совлада Колумбија со 2-1 во 13. коло од квалификациите за СП 2026 во јужноамериканската зона, а асот на Барселона постигна гол од пенал и асистираше на Винисиус Жуниор во деветтата минута од судиското надополнување за триумф кој речиси сигурно го носи „Селесао“ на Светското првенство.
Сезонава на пет натпревари за Бразил постигна четири гола и една асистенција.
Тој ја води Барселона како заменик капитен на тимот и постигна 27 гола и 20 асистенции на 42 натпревари.
По Мохамед Салах (54) и Виктор Ѓекереш (48), тој е трет најкорисен играч во Европа кога се во прашање натпреварите за клубот. дс
Фото: Принтскрин