• понеделник, 16 февруари 2026

Расчистен од снежни наноси патот кон кавадаречко Страгово

Расчистен од снежни наноси патот кон кавадаречко Страгово
Кавадарци, 8 февруари 2022 (МИА) - Расчистен е од снежни наноси патот кон кавадаречкото село Страгово кај местото Ладно Долче, но засега само за теренски возила, џипови.
За ова вечерва информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- Со оглед на големите наноси кои ги предизвика силниот ветер, екипата се уште работи на терен и се очекува до утре овој пат да биде целосно прооден и за патничките возила, соопштија од Кабинетот на Јанчев. свд/мд/

Остани поврзан