• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, три лица во притвор

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, три лица во притвор

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп на 26 март го лишиле од слобода Р.Р. (53) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело изнуда. Претходно, истиот ден, 54-годишен сопственик на угостителски објект пријавил дека С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, со физички напад и закани му изнудиле пари, кои ги земал Р.Р., татко на С.Р.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 март 2025 година, С.Р. и А.Т. го нападнале сопственикот и барале месечно да им дава 400 евра за обезбедување на објектот. По неколку закани, сопственикот се договорил со Р.Р. да му ги даде парите на 26 март. По примањето на парите, Р.Р. бил уапсен.

Оттаму дополнуваат дека со судска наредба, полицијата извршила претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела.

Судија на претходна постапка определил притвор од 30 дена за Р.Р., кој бил спроведен во казнено-поправна установа. Исто така, притвор од 30 дена во отсуство бил одреден и за С.Р. и А.Т. ар/аа/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан