• петок, 23 август 2024

Расте продажбата на „украинскиот тартан“ од Шкотска

Расте продажбата на „украинскиот тартан“ од Шкотска
Единбург, 9 мај 2022 (МИА) - Во работилницата „Мекнотон холдингс“ за тартан - традиционална шкотска ткаенина, машините денес плетат километри од познатите карирани шари во зелена, црвена, црна, сина и бела боја. Но, нова кројка во огромната фабрика во Кит, североисточна Шкотска, деновиве се издвојува по својата нетрадиционална боја - жолто-сината. Компанијата „Грејт Скот“ веќе со седмици го плете тартанот под наслов „Украина засекогаш“ со цел да се соберат средства за жртвите од војната таму. - Видовме на вести што се случува и како луѓе, бевме згрозени. Размислувавме што можеме да направиме за да собереме пари и да ги донираме во добротворни цели. Па, можеме да дизајнираме тартан, изјави Патрик Лутас - директор на „Грејт Скот“. Тартан е шкотска национална ткаенина, платно особено употребувано кај килтите, народна шкотска облека. Дизајнот којшто бил забранет во 18 век, подоцна станал популарен и како политичко и како модно изразување во Шкотска, но и на други места во светот. И Министерството за надворешни работи на Украина на својот Твитер профил ја пофали иницијативата за новиот тартан. Повеќе од 3,2 километри ткаенина веќе се продадени, а побарувачката е најголема во САД, како и меѓу украинските иселеници. Секоја продажба оди во помош за Британскиот комитет за помош на Украина, според наводите. си/

Остани поврзан