Раперката Доечи ги воодушеви модните вљубеници на Модната недела во Париз
- Фустанот беше комплетиран со темен тексас-корсет којшто ја истакнуваше нејзината половина.

Париз, 11 март 2025 (МИА) - Американската раперка Доечи воодушеви со своето појавување на француската Модна недела во Париз, според модните познавачи. Имено, таа привлече посебно внимание на ревијата на брендот „Скијапарели“ (Schiaparelli) на 6 март, па модните сладокусци ја коментираа нејзината впечатлива креација којашто одлично ги спои ретроелеганцијата и смелоста.
Музичарката со вистинско име Џејла Џимаја Хикмон одушеви голем број посетители и обожаватели со својот стил, истакнувајќи се во стилот на супермоделите од 80-тите и 90-тите. Доечи носеше фустан со длабоко У-деколте и висок шлиц, а лелеавиот бел материјал додаде лесен и софистициран изглед. Фустанот беше комплетиран со темен тексас-корсет којшто ја истакнуваше нејзината половина.
Доечи го заокружи својот изглед со брановидна фризура во стар холивудски стил, златен накит и впечатливи нокти, посочува порталот „Нау-дис“ (NowThis). си/
Фото: Фејсбук-видеоснимка, фотоисечок