Рамос рекордер во репрезентацијата на Шпанија
- Дефанзивецот на Шпанија, Серхио Рамос учествуваше на пријателскиот натпревар против Португалија одигран синоќа во Лисабон.

Лисабон, 8 октомври 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Шпанија, Серхио Рамос учествуваше на пријателскиот натпревар против Португалија одигран синоќа во Лисабон.
Триесет и четиригодишниот Шпанец влезе на теренот во 82-та минута и стигна до вкупна минутажа во репрезентацијата 13.340 минути. Тој стана рекордер по овој индикатор, пред голманот Икер Касилјас, кој одигра 13.336 минути за националниот тим.
Натпреварот заврши нерешено 0:0. зс/