• вторник, 24 декември 2024

Рамос би можел да стане соиграч на Роналдо во Саудиска Арабија

Рамос би можел да стане соиграч на Роналдо во Саудиска Арабија

Ријад, 19 јуни 2024 (МИА) - Серхио Рамос и Кристијано Роналдо би можеле повторно да играат за истиот клуб, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според различни информации, поранешниот дефанзивец на Севиља и Реал Мадрид ќе добие понуда од саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, каде настапува капитенот на репрезентацијата на Португалија.

Медиумите во Шпанија тврдат дека лично Роналдо и спортскиот директор Фернандо Иеро го убедуваат Рамос да игра во саудиското првенство. Самиот дефанзивец ја напушти Севиља по една година минати во тимот и изјави дека сака да продолжи да игра професионален фудбал уште една или две сезони.

Ова го прави Ал-Наср фаворит за потпис на шпанскиот дефанзивец, а многумина се одлучија за „кешот“ од Саудиска Арабија во последните години од нивните кариери. Соиграчи на Роналдо во моментов се Садио Мане, Емерик Лапорте и Алекс Телеш, а во другите клубови Карим Бензема, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Фабињо и Ријад Марез.

Ал-Наср моментално има конкуренција од клубови од Турција и САД.

Роналдо и Серхио Рамос играа заедно во Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, за време на кариерата на португалскиот напаѓач во шпанскиот гигант. Двојката освои 15 трофеи во тој период и станаа легендарни фудбалери на Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан