• среда, 27 ноември 2024

Рама се пофали дека само Албанија и Србија од Балканот почнале со вакцинација против Ковид-19

Рама се пофали дека само Албанија и Србија од Балканот почнале со вакцинација против Ковид-19
Тирана, 2 февруари 2021 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама се пофали дека неговата земја и  Србија  се единствените земји во регионот кои започнале со вакцинација против Ковид-19. Рама на прес-конференција, откако ја прими и втората доза на вакцината истакна дека ситуацијата поврзана со вакцинацијата низ Европа е хаотична, бидејќи големите земји им се закануваат на компаниите. - Големите земји, како тие од ЕУ, почнаа да им се закануваат на компаниите. Најважно е дека успеавме да влеземе во процесот на спроведување на договорот со Фајзер. Дозите што стигнаа вчера го отворија патот кон тоа, додаде Рама. Тој посочи дека Амбасадата на Франција во Тирана, која во својата реакција наведе дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека тој не ја обвинил Франција, туку само изнел мислење. Рама најави дека следната недела во Албанија ќе пристигнат 10.000, а до крајот на месецов уште 30.000 од договорените 500.000 вакцини со компанијата Фајзер. Првите 1.170 вакцини од Фајзер во Албанија пристигнаа доцна синоќа. вт/ми/

Остани поврзан