• сабота, 23 ноември 2024

Рама по критиките за сместување Авганистанци: Тоа им го должиме на нашите пријатели 

Рама по критиките за сместување Авганистанци: Тоа им го должиме на нашите пријатели 
Тирана, 18 август 2021 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама на  Твитер одговори на критиките на оние кои сметаат дека сместувањето на Авганистанците е услуга за САД. - Вознемирувачки е да се прочита дека Албанија ги засолнува Авганистанците само затоа што тоа го побараа САД од нас, смешно е да им го свртиш грбот ним и да ги обвинуваш само САД. Сите бевме таму како НАТО и овие луѓе беа таму за нас, верувајќи во идеалите за кои се залагаат САД и ЕУ, напиша Рама. Тој додаде дека Албанија презема одговорности како земја членка на НАТО. - Албанија презема одговорности како земја членка на НАТО. Можеби не сме богати, но тоа им го должиме на нашите авганистански пријатели во неволја и тоа го должиме на нашата традиција, нашето неодамнешно минато како бегалци, како и споменот што нашите деца ќе го наследат, напиша Рама во објавата на Твитер. Во меѓувреме првата група од 300 Авганистанци, која требаше да ќе приситигне синоќа пред полноќ, поради вчерашните состојби на аеродромот во Кабул, најавено е да прстигне попладнево во 17:00 часот. За таа цел, како што пренесува Ора њуз, на армискиот дел од аеродромот „Ринаси“ во Тирана веќе се поставуваат шатори, каде најпрво ќе бидат прифатени и ќе биде спроведена соодветна процедура, во која се вклучува и здравствен преглед, по што ќе бидат сместени во студентскиот град во Тирана, за што се преземени сите неопходни безбедносни мерки. вт/ми/

Остани поврзан