• вторник, 24 декември 2024

Рама повторно со апел до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19

Рама повторно со апел до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19
Тирана, 5 септември 2021 (МИА) - Во Албанија со несмалена динамика продолжува процесот на вакцинација против Ковид -19, но и високите бројки на новозаразени на дневно ниво. Премиерот Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави дека од 11 јануари, кога почна имунизацијата досега вакцинирани се над 1,5 милиони граѓани. Тој повторно апелираше до граѓаните да се вакцинираат. - Вакцинирајте се, вакцинирајте се, вакцинирајте се! Заштитете го здравјето. Вакцините спасуваат живот. Албанија се насмевнува, напиша Рама. Во меѓувреме продолжуваат високите бројки на новозаразени, во просек по 900 дневно. Во изминатотот деноноќие, направени се две илјади тестови помалку споредено со претходниот ден, бројката на новозаразени е помала за околу 100, но инциденцата е над  21 отсто и е за пет отсто повисока. Опасниот вирус е потврден кај 896 лица, најголем број во Тирана, 222, Скадар 83, Валона 82 и Драч 72. Како последица од заразата починале три лица, на 49, 67 и 71-годишна возраст, додека оздравеле 518 луѓе. Во моментот активни на болеста се 12.003,  хоспитализирани се 132, од кои 14 во тешка состојба, информираше Министерството за здравство. Поради зголемениот број на оние на кои им е потребно болничко лекување од вчера во функција е ставена болницата Ковид 3 а се подготвуваат и регионалните болници. По задолжителната  вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското Министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во  администрацијата, полицијата, вработените во аптеките  и лабораторите.Тие треба да се имунизираат до 30 овој месец. вт/ми/

Остани поврзан