• четврток, 19 декември 2024

Рама објави што разговарал со Бајден и оти на самитот побарал Косово веднаш да биде покането во "Партнерството за мир"

Рама објави што разговарал со Бајден и оти на самитот побарал Косово веднаш да биде покането во
Тирана, 29 јуни 2022 ( МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи  објави што денес разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека американскиот лидер ги кажал најдобрите зборови за Албанија.
Според Рама, Бајден изразил желба да организираат нешто заедничко по повод 100- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
- Од претседателот Бајден ги слушнав најдобрите зборови за Албанија и нејзината улога во Советот за безбедност на ОН и НАТО, како и неговата желба да организираме нешто заедно по повод 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи Албанија- САД, напиша Рама.
Во пораката на Твитер тој исто така наведува дека на Самитот на НАТО побарал Косово веднаш да биде покането во механизмот Партнерство за мир.
- Денеска во НАТО: Побарав Косово веднаш да биде покането во механизмот "Партнерство за мир". Побарав земјите кои сеуште не го признале Косово да го проценат неговиот став усогласен со ЕУ за руската агресија врз Украина и покрај фактот што Украина сеуште не го признала Косово, наведува Рама на објавата на Твитер. вт/

Остани поврзан