• петок, 20 декември 2024

Рама: Албанија ќе остане длабоко посветена на Берлинскиот процес

Рама: Албанија ќе остане длабоко посветена на Берлинскиот процес

Тирана, 9 декември 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи порача дека обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на пријателите и сојузниците во Берлин.

-Обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на нашите пријатели и сојузници во Берлин. Албанија ќе остане длабоко посветена на овој процес како главна платформа за соработка на високо ниво на Западен Балкан, напиша Рама на платформата Х.

Рама му се заблагодарува на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговото лидерство, по повод Конгресот на Социјалдемократската партија што се одржува во Берлин.

- По повод Конгресот на СДП во Берлин искрено му благодарам на канцеларот Олаф Шолц за неговото лидерство, наведува тој.

Рама заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот македонски премиер Зоран Заев ја започнаа иницијативата „Отворен Балкан" за што од албанската опозиција беше жестоко критикуван,  обвинувајќи го дека како „вазал на Вучиќ" се откажува од Берлинскиот процес. вт/ссм/

 

Остани поврзан