• понеделник, 23 декември 2024

Ракометарите на Металург в понеделник се враќаат на тренинзи по двонеделна пауза

Ракометарите на Металург в понеделник се враќаат на тренинзи по двонеделна пауза
Скопје, 8 јануари 2021 (МИА) – Македонскиот прволигаш Металург, по двонеделна пауза, в понеделник ги започнува подготовките за претстојните февруарски пресметки во ракометната Лига на Европа. - Ракометарите ќе тренираат во салата во Автокоманда, а за почеток тренерот Димитриоски ќе располага само со македонските играчи, откако странските засилувања добија дополнителни денови одмор поради своите репрезентативни обврски изминатиот период, соопшти попладнево Металург на својот сајт. Првиот официјален натпревар во 2021 година ракометарите на Металург ќе го имаат на 9 февруари на домашен терен против француски Тулуз. На 16 идниот месец, Металург ќе му гостува на Висла Плоцк, а една недела подоцна следува гостување кај австриски Фиверс. По три одиграни натпревари во А-групата во Лига Европа, ракометарите на Металург се последнопласирани, со два порази и едно реми. ег/оџ/

Остани поврзан