• среда, 27 ноември 2024

Ракометарите на „Вардар 1961“ го совладаа „Татран“ во СЕХА лигата

Ракометарите на „Вардар 1961“ го совладаа „Татран“ во СЕХА лигата

Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во Скопје триумфираше над словачки „Татран Прешов“ со убедливи 29-24 (15-10) во рамки на 3. коло во групата Б.

Македонскиот состав му се реваншираше на словачкиот тим за поразот на гостински терен во воведниот натпревар во групната фаза (23-27) и со втората победа го презеде лидерското место во групата. 

Најефикасен во редовите на црвено - црните беше Јан Чувара со пет погодоци. 

Во завршниот натпревар од групната фаза „Вардар 1961“ на 28. овој месец во Белград му гостува на Партизан. ег/бак/

Остани поврзан