• недела, 28 јули 2024

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2022

Ракометарите ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2022
Виена, 16 јуни 2020 (МИА) - Македонските ракометари ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2022 година. За пласман на континенталниот собир, кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, „црвено-жолтите“ ќе треба да се изборат со Швајцарија, Финска и Данска. ЕП 2022 ќе се игра во препознатливиот термин во месец јануари, а квалификациите ќе стартуваат во месец ноември. Квалификациите ќе стартуваат на 4 ноември, а ќе завршат на 2 мај идната година. Пласман на Европското ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од сите групи како и четирите најдобри третопласирани селекции. Шампионатот ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

Тагови

Остани поврзан