• сабота, 23 ноември 2024

Разногласие во Јапонскиот олимписки комитет поради Игрите во Токио

Разногласие во Јапонскиот олимписки комитет поради Игрите во Токио
Токио, 4 јуни 2021 (МИА) – Членот на Управниот одбор на Јапонскиот олимписки комитет Каори Јамагучи ги обвини организаторите на претстојните Игри во Токио за игнорирање на јавното мислење во земјата, кое се противи на одржување на најголемиот светски спортски самит во јапонската престолнина. Испитувањата на јавното мислење во Јапонија покажуваат дека огромно мнозинство од населението е против одржување на летната Олимпијада поради влошената епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот. Јамагучи, кој е носител на олимписки медал во џудо, ги обвини јапонската Влада, Организацискиот одбор на Игрите и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека „избегнуваат дијалог“ и рече дека МОК го смета „јавното мислење во Јапонија за неважно“. Критиките од Јамагучи доаѓаат откако претседателката на Организацискиот одбор на Олимписките игри (ОИ) во Токио, Сеико Хашимото изрази „стопроцентна сигурност“ дека Олимпијадата ќе се одржи како што е планирано од 23 јули до 8 август. ег/

Остани поврзан