• среда, 27 ноември 2024

Радуловиќ: Црна Гора сака да ги рестартира односите со Србија

Радуловиќ: Црна Гора сака да ги рестартира односите со Србија
Подгорица, 15 јануари 2021 (МИА) - Шефот на црногорската дипломатија Ѓорѓе Радуловиќ за Дојче веле, пред неговата посета на Германија, изјави дека Црна Гора сака да ги рестартира односите со Србија и да тргне од почеток. Тој наведе дека Црна Гора има „доктрина на нулта проблеми“ со сите соседи. - Црна Гора иако не е економски или воено силна, сепак со својот пример сака да влијае врз односите на регионот. Тоа се однесува и на Србија, со која сакаме да имаме најдобри односи засновани врз принцип на две независни земји, меѓусебно почитување и засновани на принципот на немешање  во внатрешните работи, истакна Радуловиќ. Тој додаде дека испратил покана до српскиот мминистер за надворешни работи Никола Селаковиќ да ја поосети Подгорица, додека премиерот Здравко Кривокапиќ испратил покана до српската премиерка Ана Брнабиќ. - Мислам дека тоа се некои знаци на пријателство што Црна Гора како добар сосед ги испраќа до Србиија, посочи Радуловиќ. ми/

Остани поврзан