• понеделник, 19 август 2024

Радовиш го одбележува заштитникот и патронот на градот-Свети Спасо Радовишки

Радовиш го одбележува заштитникот и патронот на градот-Свети Спасо Радовишки

Радовиш, 19 август 2024 (МИА) - Во Радовиш со повеќе манифестации почна одбележувањето на заштитникот и патронот на градот - Свети Спасо Радовишки.

Векендов се одржа традиционалната манифестација „Меден Радовиш“, која се организираше по трет пат, на која покрај производи од мед беа изложени и други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и невладини организации што работат во областа на туризмот.

Денеска одбележувањето продолжува со промоција на книгите „Државата е излажана“ од Здравко Тумбовски и „Народната медицина препорачува-лекување со билки и мед“ од Благој Митев.

Вечер на Плштадот Свети Спасо  Радовишки ќе се одржи дефиле на близнаци од државата под мотото „Близнаци сме посебни сме“, а одбележувањето на заштитиникот на градот продолжува утре со вечерна богослужба во храмот „Света Троица“ и одржување на литија до градскиот плоштад, како и Молебен-Параклис „Свети Спасо Радовишки“. Ќе се одржи и Духовна академија во Храмот „Света Троица“, а задутре треба да се одржи Света литургија со Славски колач. рт/сст/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан