Радев: Категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина
- - Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма, изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).

Софија, 18 февруари 2025 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е категорично против испраќање бугарски војници во Украина, без разлика на формата.
- Како врховен командант, категорично сум против испраќање бугарски војници во Украина под каква било форма, изјави Радев на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ).
Тој истакна дека очекува јасен и недвосмислен став од Владата и Парламентот дека Бугарија нема да испраќа свои трупи.
- Од почетокот на војната во Украина го поставив клучното прашање – да не се дозволи Бугарија да биде вовлечена во конфликтот. Денес, кога глобалната безбедносна архитектура се распаѓа, ова прашање е уште порелевантно, нагласи Радев. ссм/
фото: архива