• петок, 20 декември 2024

Радев: Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани

Радев: Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани
Софија, 14 април 2022 (МИА) - Евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан беше главна тема на телефонскиот разговор на претседателот на Бугарија, Румен Радев со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, соопшти Прес-службата на шефот на бугарската држава. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Северна Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата. Радиев ја потврдил и поддршката на Бугарија за почеток на преговарачкиот процес за членство на Албанија во ЕУ, по, како што нагласил, сериозните реформи на земјата во судството, економијата и заштитата на националните малцинства. Во врска со војната во Украина, бугарскиот претседател дал висока оценка за дипломатските активности што ги преземаат Германија и претседателот Штајнмајер, насочени кон деескалација на конфликтот и прекин на воените дејствија. Радев, исто така, посочил дека покрај мерките за воената и енергетската безбедност на Европа, мора да се преземат брзи активности и да се спречи криза со храната во регионите блиски до европскиот континент, како последица на прекинот на испораката на житни култури од Русија и Украина. нк/сп/

Остани поврзан