Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
- Кошаркарите на Работнички без ниту една победа ги завршија настапите во групата Б од регионалната АБА 2 лига.

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) – Кошаркарите на Работнички без ниту една победа ги завршија настапите во групата Б од регионалната АБА 2 лига.
„Центарци“ вечерва на домашен терен против Војводина беа блиску до првата победа, но не издржаа и по продолжение загубија со 74:70. По 40 минути резултатот беше нерешен 64:64.
Најефикасни во домашниот тим беа Полутак со 26 поени и Ефремовски со 21.
И покрај поразот, македонскиот тим покажа дека можеше подобро да одигра на претходните натпревари и дека располага со квалитет за повеќе од последното место во групата. зс/
Фото: КК Работнички