• понеделник, 29 јули 2024

Спасовски на средба со австрискиот амбасадор Вуцас

Спасовски на средба со австрискиот амбасадор Вуцас

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас на кого му завршува работниот мандат во земјава, во придружба на полициското аташе Манфред Јурчевиќ.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за неговата поддршка и  соработката на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

 Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета на амбасадорот Вуцас во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.  дма/са/

Фото:МВР

 

Остани поврзан