• понеделник, 18 ноември 2024

Работна средба на министерот Бектеши со директорката на Царинската управа, Кутиров

Работна средба на министерот Бектеши со директорката на Царинската управа, Кутиров
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Актуелните прашања и соработката меѓу Министерството за економија и Царинската управа и подготвеноста од двете страни за натамошно продлабочување на одличната соработка која ја имаат двете институции, беа тема на разговор на денешната работна средба на министерот за економија Крешник Бектеши со директорката на Царинската управа Славица Кутиров и заменик-директорот Мухарем Хасани. Како што информираат од Министерството за економија, тема на состанокот беа и преземените активности во однос на примена на алтернативни правила за потекло согласно најновата состојба во рамки на Регионалната конвенција за Пан-евромедитеранските преференцијални правила за потекло од 1 септември 2021 година, како и за новите правила за потекло со ЕУ, со земјите од ЕФТА и ЦЕФТА. Директорката Кутиров информираше и за низата мерки што ги презема Царинската управа во насока на поедноставување и олеснување на царинските постапки, со цел одржување и унапредување на прекуграничната трговија. Истакнати беа и активностите на Царинската управа во делот на движењата на увозот и извозот и состојбата за продолжување на регионално поврзување. Меѓу темите на разговор беа и статусот и активностите поврзани со проектот за воведување на Track&Trace системот за следење на акцизни производи, што се очекува да придонесе за подобра контрола на акцизната стока на целата територија на државата. Министерот Бектеши и директорката Кутиров разговараа и за проектите што излегуваат од „Отворен Балкан“, како и за состојбата за продолжување на регионално поврзување, пред се активниот проект на „Оne Stop Shop“ со Албанија, поддршка на зелените коридори, заедничките гранични контроли, и законската рамка на договорите за АЕО (овластен економски оператор) Директорката Кутиров го информираше министерот Бектеши дека Царинската управа во континуитет бележи зголемување на наплатата на приходите. При увоз и внатрешен промет, наплатените приходи се поголеми за 4,88 милијарди денари или 37 отсто во однос на истиот период 2021 година кога биле наплатени 13,16 милијарди денари. Министерот Бектеши истакна дека поддршката на Министерството за економија за Царинската управа ќе продолжи и во наредниот период пред се во делот на подобрување на услугите од што ќе има бенефит целата економија.вј/дма/

Остани поврзан