• понеделник, 23 декември 2024

Работна средба на министерката Божиновска со чешкиот амбасадор, Јарослав Лудва 

Работна средба на министерката Божиновска со чешкиот амбасадор, Јарослав Лудва 

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска одржала работна средба со амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка.

На средбата, како што соопшти кабинетот на министерката, се разговарало за новоформираното Министерство за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакнала огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со Европската Унија.

Божиновска и Лудва на средбата разговарале за афирмирање и унапредување на соработката со македонско – чешката стопанска комора. Притоа била нагласена и поддршката во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката, како и учество на работилници и бизнис форуми.

Двајцата соговорниц, како што е наведено во соопштението, се согласиле за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката. дма/нд/

Фото: Кабинет на министерката Сања Божиновска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан