• понеделник, 18 ноември 2024

Министерот Муртезани во посета на Тирана

Министерот Муртезани во посета на Тирана

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Тирана, во чии рамки се предвидени одвоени средби со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, како и со државната министерка и главен преговарач со ЕУ, Мајлинда Дука.

На средбите, соопштија од Министерството за европски прашања, се очекува разговорите да опфатат широк спектар на теми значајни за процесите на пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како што се билатералните односи во контекст на европскиот пат на двете земји и регионот, заедничките напори за усогласување на реформите со стандардите на ЕУ, модалитетите за понатамошна размена на експертиза, зајакнување на капацитетите и координација на клучните приоритети како владеењето на правото, мерките за борба против корупцијата и економскиот развој. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан