• среда, 27 ноември 2024

Работилница „Сликаме и дишеме низ смеа" во Центарот за култура Крива Паланка

Работилница „Сликаме и дишеме низ смеа
Крива Паланка, 6 август 2022 (МИА) - „Цртаме и дишеме низ смеа" е насловот на креативната работилница што денеска и утре се одржува во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
Работилницата се реализира под менторство на академскиот уметник и јога-инструктор, Маја Андоновиќ Јокиќ.
-Работилницата е инспирирана од денешниот модерен, брз и динамичен ритам на живот, и на младите и на возрасните, во кој многумина забораваат или многу малку внимание посветуваат на себеси, на телото и умот. Се работи јога-смеа, денес со дечиња, момчиња и девојчиња, а утре ќе работиме со возрасни. Смеа-јога адаптирана на возраста на учесниците се работи во првиот час од работилницата, а подоцна се преминува на креативната страна, се црта на платно и се бојат и сликаат предмети, како столчиња и останати дрвени предмети, информира Вања Јакимовска, координатор за ликовна уметност во НУ Центар за култура Крива Паланка.
Работилницата е проект од годишната програма на НУ Центар за култура, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. ид/хс/

Остани поврзан