• сабота, 23 ноември 2024

Работилница за креирање програма за Советот на потрошувачи при Општина Охрид

Работилница за креирање програма за Советот на потрошувачи при Општина Охрид
Охрид, 9 мај 2022 (МИА) – Креирање програма за заштита на потрошувачите во Охрид, преку конкретни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, е целта на дводневната работилница на која учествуваат членови на Општинскиот совет на потрошувачи, претставници на инспекциски служби, јавни претпријатија и други релевантни институции. Според Татјана Тасевска, правен советник во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), членовите на неодамна формираниот Совет на потрошувачи при Општина Охрид ќе бидат запознаени што значи заштитата на потрошувачите и што треба да содржи програмата. - Во програмата треба да влезат актуелни активности, но би требало да влезат и сегменти од одржлива потрошувачка, од родова перспектива, енергетска ефикасност, подобрување на работата на јавните претпријатија, доколку има недостатоци во нивното функционирање и колку потрошувачите се задоволни од нивната работа. Можеби бучавата во летниот период, функционирањето на колекторот и се она што ги засега охриѓани, но и туристите, кои во текот на целата година претстојуваат тука, истакна Тасевска. Претседателот на ОПМ Охрид и на Општинскиот совет на потрошувачи, Вангел Спировски посочи дека програмата е во изработка, но овие два дена со релевантни чинители ќе ги разгледаат проблемите со кои се соочуваат потрошувачите на Општина Охрид и како би можело да се постигне начинот на заштита. - Ќе бидат разменети искуства и идеи да ја креираме програмата за заштита на потрошување на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Целта, пред се, е да се едуцираат потрошувачите на Општина Охрид, повеќе за нивните права, истакна Спировски. Поплаките од охриѓани, но и генерално во цела држава се однесувале на гаранција и гарантен лист, непотполни декларации на производи, услуги од јавните претпријатија, како и онлајн продажбите. Во рамките на ОПМ и органзациите во Охрид, Штип, Битола, Тетово и Кочани на годишно ниво има околу 5.000 поплаки од потрошувачи.сс/фф/

Остани поврзан