• среда, 27 ноември 2024

Работилница во Тетово „И ние сме уметници“ посветена на децата со посебни потреби

Работилница во Тетово „И ние сме уметници“ посветена на децата со посебни потреби
Тетово, 16 ноември 2022 (МИА) - Уметничка галерија Тетово во соработка со ОУ „Лирија“ денеска ја започна петдневната работилницата насловена „И ние сме уметници“ посветена на децата со посебни потреби. Учениците со посебни потреби во галеријата со помош на вработените ќе изработат цртежи. За оваа работилница Уметничката галерија на децата им подели торби со прибор за цртање.
-Целта на оваа работилница е да ги претстави и нагласи можностите и потенцијалите на лицата со посебни потреби. Исто така има и директно влијание врз отстранувањето на предрасудите и поттикнување на децата за нивните понатамошни активности на полето на уметноста така што и тие да се чувствуваат како уметници, информираа од Уметничка галерија.
Децата имаа можност да ја погледнат најновата изложба на уметникот Фехми Хоџа. На крајот од работилницата по пет дена, ќе се одржи изложба со цртежите што ги изработиле овие деца.ас/

Остани поврзан