Пчелари од повеќе здруженија ќе го посетат интернационалниот саем во Словенија
- Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска имаше средба со претставници од здружението „Пчела“ – Куманово, претстојниот викенд ќе го посетат големиот интернационален саем во Словенија, информираа денеска од општина Куманово.
Куманово, 19 февруари 2026 (МИА) - Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска имаше средба со претставници од здружението „Пчела“ – Куманово кои претстојниот викенд ќе го посетат големиот интернационален саем во Словенија, информираа денеска од општина Куманово.
На едукативниот собир, Македонија ќе ја претставуваат 110 пчелари од повеќе градови, од кои 40 пчелари од Куманово. Настанот е од голема важност за просперитет и развој на оваа производствена гранка.

Во рамки на престојот во Словенија, пчеларите ќе имаат можност да посетат повеќе места, пчеларски центри и индивидуални мега-производители на мед: Блед, пчеларски музеј Радовљица, пчеларски центар Лесце, саемот во Цеље, пчеларски сојуз на Словенија, Европски пчеларски сојуз во близина на Љубљана, АПИ Центар Мажијев Грич и посета на словенечките веле-производители на мед, Ерик Лузнар и сопственикот на пчеларскиот музеј Антон Кобељ, „Куќата на крањска пчела“.
Покрај, здружението од Куманово на саемот во Словенија ќе има пчелари од здруженија од Скопје, Радовиш и Прилеп.
-На денешната средба разговаравме за претстојната посета и едукативна средба помеѓу пчеларскиот сојуз на Словенија, европскиот пчеларски сојуз со седиште во Љубљана, меѓународниот пчеларски саем во Цеље, посета на двајца најголеми веле-пчелари во Република Словенија, пчеларскиот музеј во Радовљица, пчеларскиот центар Лесце, апицентарот и апикоморите во Мажиев грич и посета на куќата на крањска пчела, изјави претседателот на здружението, „Пчела“, Бобан Стошевски. ам/
Фото Општина Куманово