Пуштен во употреба нов мултифункционален парк во Маџари
- Од денеска е пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари, Триангла. Паркот е со повришна од над 2 000 метри квадратни и се состои од затворен дел - паркот за миленици, фитнес зона о

Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Од денеска е пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари, Триангла. Паркот е со повришна од над 2 000 метри квадратни и се состои од затворен дел - паркот за миленици, фитнес зона опремена со справи за вежбање и детско катче во кое што се поставени реквизити за игри и забава.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој денеска го посети паркот, изјави дека станува збор за соодветно осветлен парк, уреден со патеки, а исто така поставен е летниковец, фонтана, клупи и друга урбана опрема.

Како што рече, паркот е комплетно хортикултурно уреден и збогатен со голем број на дрва, а и поставен е систем за автоматско наводнување. Партнер во реализацијата на овој проект е компанијата „Макстил“.
-Со овој мултифункционален парк правиме уште едно поубаво место на кое што граѓаните на Гази Баба ќе можат да се дружат, да спортуваат и да рекреираат. Сакам да се заблагодарам на „Макстил“ која беше партнер во реализација на овој проект. Паркот е изграден со средства од Општина и од „Макстил“, додаде градоначалникот.

