• вторник, 15 октомври 2024

Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Жителите од населеното место Бујковци добија комплетно реконструирано спортско игралиште за мал фудбал, кое денеска беше пуштено во употреба, соопштија од Општина Илинден.

Во рамки на реконструкцијата целосно е обновен теренот со нов асфалтниот слој и обележување на истиот, поставено е целосно ново лед осветлување, променета е заштитната ограда околу целиот терен, поставени се корпи за отпадоци, како и просторот е партерно уреден со што овој спортски терен доби сосема нов лик.

Спортското игралиште го посетил и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакнал дека младите од Бујковци добија убаво уреден простор каде во спортски дух можат да го поминуваат слободното време.

Тој додал дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи и понатаму со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски игралишта во сите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината. цр/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан