• сабота, 27 јули 2024

Пуштени во продажба билетите за „ПичПрич“ - гала настан за раскажување женски приказни на тема „Цепки“

Пуштени во продажба билетите за „ПичПрич“ - гала настан за раскажување женски приказни на тема „Цепки“
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - Иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“ во авторство на Ана Василева и Румена Бужаровска заедно со „Тиииит! Инк.“ информираат дека билетите за годинашниот „All starс“ гала настан на тема „Цепки“ се пуштени во продажба.
Билетите се продаваат по цена од 200 денари и може да се набават онлајн на mktickets.mk или да се купат и/или резервираат на билетарница на Филхармонија. Гала настанот „Цепки“ ќе се одржи на 13 мај 2022 година од 20 часот во Филхармонија. Темата на гала настанот е во чест на годинашниот десетгодишен јубилеј на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.
-Во фокус на настаните на десеттата едиција на фестивалот оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства. Темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката, соопшти „Тиииит! Инк.“ Свои интерпретации на темата ќе раскажат пет локални раскажувачи, уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радио водителката Маја Казакова  и режисерката Софија Ристевска. Ќе настапи и хрватската книжевничка и активистка Мима Симиќ.Поради пандемијата, влезниците оваа година се во строго ограничен број - 75 отсто од просторните капацитети на Филхармонија. Настанот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор.
Настанот е поддржан од Шведска и фондацијата „Kvinna till Kvinna“. мд/лв/

Остани поврзан