• сабота, 16 ноември 2024

Пуштена во употреба улица 6 во Огњанци

Пуштена во употреба улица 6 во Огњанци
Скопје, 18 март 2021 (МИА) - Во населеното место Огњанци е пуштена во употреба улица 6. Улицата е со должина од 170 метри и ширина од пет метри, истата е поплочена со бекатон плочки, информираат од општина Петровец. Како што информираат од општината, градоначалникот Борче Митевски, при пуштањето на улицата, најавил дека за изградба се предвидени уште две улици, додека поставувањето на канализациска мрежа се предвидува да биде завршено до крајот на месец август.  Финансиските средства за изградба на оваа улица, како што стои во соопштението, во целост се обезбедени  од  Буџетот на општина Петровец. ар/дма/

Остани поврзан