• сабота, 23 ноември 2024

Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Илинден

Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Илинден
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Во функција е пуштена нова пречистителна станица во населеното место Илинден, која е со капацитет од 1 300 еквивалент/жители и ќе опслужува приближно 330 домаќинства. Овој капитален проект, како што информира Општина Илинден, е во рамки на програмските активности за изградба на фекална канализација со пречистителни станици. Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски во присуство на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на овој начин се унапредува животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. - Ја пуштаме во употреба пречистителната станица во населено место Илинден со еквалент на 1300 жители којашто ќе ги задоволува потребите на околу 330 домаќинства, пречистителна станица која се градеше овој период од страна на Општина Илинден како инвеститор. На оваа пречистелна станица покрај домаќинствата, дополнително се приклучени и стопанските објекти од локалната економска зона Ограѓа во населба Илинден, како и новозграденото Основно училиште „Гоце Делчев“. На овој начин директно придонесуваме во унапредување и заштита на животната средина, како и во подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните на општина Илинден, рече градоначалникот Георгиевски. Вкупната вредност на овој проект изнесува 11.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Илинден. мд/аа/

Остани поврзан