Пуштање во употреба на граничниот премин Белановце - Станчиќ
- Во месноста Белановце денеска во официјална употреба ќе се пушти граничниот премин Белановце - Станчиќ.
Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) - Во месноста Белановце денеска во официјална употреба ќе се пушти граничниот премин Белановце - Станчиќ.
На отворањето на преминот ќе се обратат премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и координатор на Владата за реализација на овој проект.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на настанот се очекува да присуствуваат и други видни личности од двете земји. нд/бк/