• среда, 27 ноември 2024

Пуштање во употреба на бројот за итни случаи 112 (во живо)

Пуштање во употреба на бројот за итни случаи 112 (во живо)

Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) -  Премиерот Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов официјално ќе го пуштат во употреба бројот за итни случаи 112.

Македонските граѓани, отсега кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните .

Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.

 

Остани поврзан