• вторник, 24 декември 2024

Пучдемон не е повеќе претседател на сепаратистичка партија Заедно за Каталонија

Пучдемон не е повеќе претседател на сепаратистичка партија Заедно за Каталонија
Париз, 4 јуни 2022 (МИА) - Карлес Пучдемон најави дека се повлекува од функцијата  претседател на каталонската сепаратистичка партија Заедно за Каталонија и на негово место треба да биде именувана Лаура Борас. Во октомври 2017 година во Каталонија се одржа референдум за независност и покрај противењето на централната власт во Мадрид. Тогаш каталонскиот Парламент прогласи независност. Поради тоа владата на тогашниот шпански премиер Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на Каталонија, ја промени владата, го распушти парламентот и воведе директна управа на Мадрид во тој регион. Во меѓувреме, Пуџдемон, тогашниот лидер на покраината, побегна од Шпанија во Белгија. ми/

Остани поврзан