• вторник, 23 јули 2024

Путин и Макрон за соработка во борбата против Ковид-19

Путин и Макрон за соработка во борбата против Ковид-19
Москва, 22 декември 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон во врска со прашањата за соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва Кремљ. Како што се наведува, во разговорот е потврдена намерата да се развијат контакти меѓу релевантни организации од двете земји во врска со производство на вакцина и имунизација на населението. Путин, меѓу другото, со задоцнување му го честитал роденденот на Макрон и му посакал брзо закрепнување од коронавирусот. Двајцата лидери се осврнале и на ситуацијата во Украина, Нагорно-Карабах, Иран, Сирија и Либија. гт/

Остани поврзан