• вторник, 19 ноември 2024

Путин и Лукашенко разговараа за безбедносни прашања

Путин и Лукашенко разговараа за безбедносни прашања

Москва, 31 мај 2024 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за безбедносни прашања и спречување на ескалација на украинскиот конфликт, јави информативниот канал на Телеграм „Пул Первого“, кој е близок до прес-службата на шефот на белоруската држава.

- Фокусот на лидерите на двете земји беше на безбедносните прашања и спречувањето на ескалација на украинскиот конфликт, се вели во објавата.

Се додава дека за време на дискусијата за меѓународната агенда, Лукашенко и Путин разговарале за прашањата на претстојниот состанок на Шангајската организација за соработка во јули во Астана, а договориле и да се сретнат на маргините на самитот.

Се разговарало и за деталите и прашањата за претстојната посета на претседателот на Белорусија на Монголија и регионот Иркутск која ќе се реализира од 1 до 4 јуни. јт/

Остани поврзан