• среда, 27 ноември 2024

Путин и Ердоган ќе се сретнат во Астана на почетокот на јули

Путин и Ердоган ќе се сретнат во Астана на почетокот на јули

Москва, 12 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин најави дека на почетокот на јули на регионален состанок во Астана ќе се сретне со турскиот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган.

Тој на средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека очекува да биде во главниот град на Казахстан на 3 или 4 јули и дека се надева дека тогаш ќе разговара за актуелните прашања со Ердоган.

Путин побарал и од Фидан да му ги пренесе поздравите на турскиот лидер и предложил да ги продолжат разговорите во Астана за заедничката борба против тероризмот и нормализацијата на ситуацијата во Сирија. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан