Путин го назначи Шојгу за координатор за развој на одбранбената индустрија

Мoсква, 4 јуни 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс.
Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу.
Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената индустрија, за обемот и профитабилноста на производството на најпопуларните воени производи.
Сергеј Шојгу стана секретар на Советот за безбедност на 12 мај.
Пред тоа беше шеф на Министерството за одбрана од 2012 година, а по инаугурацијата на Путин за петтиот претседателски мандат на таа функција дојде Андреј Белоусов. зш/
фото ЕПА