• среда, 25 декември 2024

Пулишиќ по победата над Њукасл: Измешани чувства

Пулишиќ по победата над Њукасл: Измешани чувства

Њукасл, 14 декември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Милан, Кристијан Пулишиќ реагираше на елиминацијата на „Росонерите“ од Лигата на шампионите и покрај победата над Њукасл синоќа со 2:1.

Милан со триумфот на гостувањето кај Њукасл во последното коло од групната фаза на турнирот го освои 3.место во групата. За пласман во плејофот му требаше и пораз на ПСЖ во Дортмунд од Борусија, но тој дуел заврши 1:1.

- Помешани чувства. Задоволни сме од резултатот и од настапот во второто полувреме. Но, ни требаше Борусија за да победи. За наша несреќа, таа не победи, изјави Американецот за сајтот на УЕФА.

Милан освои осум бода, исто колку и ПСЖ но поради подобриот скор во меѓусебниот натпревари, парижаните одат во осминафиналето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан