• петок, 05 декември 2025

Пукање со огнено оружје ноќеска во Струга, полицијата презема мерки за расчистување на настанот

Пукање со огнено оружје ноќеска во Струга, полицијата презема мерки за расчистување на настанот

Струга, 30 октомври 2025 (МИА) - На улицата „Маркс и Енегелс“ во Струга ноќеска имало пукање со огнено оружје, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според информацијата, утрово во 6 часот и 50 минути Д.М. од Струга пријавил дека околу 3 часот слушнал истрели од огнено оружје. СВР Охрид презема соодветни мерки за расчистување на случајот.

Според првичните информации се работи за пукање во зграда и немало поврдени. сс/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан